
Потрес во Баерн Минхен – тренерот Нагелсман добива отказ
Германскиот тренер Јулијан Нагелсман заминува од Баерн Минхен.
Оваа вест прв ја објави доброупатениот новинар Фабрицио Романо, а потоа информацијата ја потврди и германски „Билд“.
Нагелсман сезонава со Баерн дојде до четвртфиналето од Лигата на шампионите, а тимот заостанува еден бод зад лидерот Борусија Дортмунд во германската Бундеслига.
Резултатите најверојатно не се причина што раководството на клубот одлучило да го замени тренерот. Иако не се наведени причините, се верува дека клубот е незадоволен од одредени работи кои самиот Нагелсман ги прави, особено што лесно влегува во расправии со играчите и предизвикува немир во тимот.
35-годишниот стручњак седна на клупата на Баерн во летото 2021 година, кога го замени Ханси Флик, потпишувајќи петгодишен договор.
Фабрицио Романо пишува дека неговиот сонародник Томас Тухел е првиот кандидат да го замени на клупата на Баерн. Тухел е без клуб од септември минатата година кога доби отказ од Челси, а досега одби неколку понуди.
Повикот на Баерн не се пропушта.