Потпретседателката на СДСМ Чупеска за „Трилинг“ околу можната оставка: Не коментирам до понеделник

Во разговор за „Трилинг“ Чупеска ниту ја демантираше ниту ја потврди ваквата одлука.

Универзитетската професорка и потпретседателка на СДСМ Ана Чупеска, денеска поднела оставка од функцијата, објавија некои медиуми.

Во разговор за „Трилинг“ Чупеска ниту ја демантираше ниту ја потврди ваквата одлука.

„Не давам коментари до понеделник“, ни изјави кратко Чупеска.

Инаку информацијата не е официјално објавена од страна СДСМ.

Чупеска беше најпрепознатлив лик на партијата во пост-Заевиот период. Предава на политички студии на Правниот факултет Јустинијан први и има меѓународно реномирана научна кариера.