Потврдено е името на Ф1 филмот со Бред Пит
Филмот за Формула 1 со Бред Пит во главната улога ќе се појави на големото платно во летото следната година, официјално беше потврдено денеска кога беше претставен плакатот на филмот. Потврдено е и името, но тука нема изненадување – филмот ќе се вика „Формула 1“.
Оваа одлука може да се види и во светлината на кино традициите кога станува збор за избор на наслов. Сепак, претходниот најуспешен проект во оваа област беше „Гран при“.
Викендов продолжува снимањето во рамките на Британското ГП во Силверстон, а во проектот е вклучен и 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон.
Проектот настрада од штрајкот на холивудските писатели, а потоа почна да се редат одложувања и се шпекулираше дека е сериозно надминат буџетот, со што може да биде најскапиот филм во историјата на кинематографијата.