
Потврдено е дека има изчезнат Македонец во Кран Монтана, се трага по идентитетот
Идентитетот на лицето не е соопштен официјално. Но на социјалните мрежи активно се бара по Стивен Ивановски, чие семејство вчера објави дека бил на забава во Кран-Монтана во барот каде што избувнал пожарот, сè уште не е пронајден.
Владата потврди дека по трагичниот пожар во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана има едно лице со македонско државјанство по кое сè уште се трага, но засега нема информации дали е меѓу повредените, хоспитализираните или настраданите. Портпаролката Марија Митева изјави дека Македонија е во контакт со швајцарските власти и кантоналната полиција и дека јавноста ќе биде информирана веднаш штом пристигнат официјални потврди.
Идентитетот на лицето не е соопштен официјално. Но на социјалните мрежи активно се бара по Стивен Ивановски, чие семејство вчера објави дека бил на забава во Кран-Монтана во барот каде што избувнал пожарот, сè уште не е пронајден.
Семејството апелираше до секој што можеби го видел Стивен или има какви било информации во врска со неговите движења, како и до оние што имаат информации дали е хоспитализиран во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следниве телефонски броеви: 076 415 0868, 076 385 7165 и 078 229 745.
Пожарот избувна за време на новогодишната прослава и, според швајцарските информации што ги пренесуваат светските медиуми, има десетици загинати и над сто повредени, а идентификацијата на жртвите може да потрае поради тежината на повредите. Во такви случаи, дипломатско-конзуларната комуникација и потврдата од кантоналната полиција се клучни за да се избегнат погрешни информации и дополнителна траума за семејствата.