Постигнат исчекор во законодавните промени за родова еднаквост во собранието

Денес постигнат беше исчекор во законодавните промени за родова еднаквост.

“Мораме сериозно да ги разбиеме стереотипите и да поттикнеме иницијативи за подигање на јавната свест за важноста на еднаквите можности за сите. “

“Говориме за унапредување на правата на жената, но работите тешко придвижуваат напред. “

”Во реалноста во нашата држава има потреба од практична имплементација на сите документи посветени на родовата еднаквост и многу повеќе акции за нејзиното остварување.”

Овие беа од заклучоците кои произлегоа од денешната дебата на пленарната седница на Собранието посветена за улогата на жените во парламентот.

Пратеничката Зајкова излезе со своја изјава:

– “Во моментот, во нашето општество постои поделеност на леви, десни и централни партии, но жените се тие кои треба да ги надминат разликите и да работат заедно за доброто на сите, а не да ја следат слепо партиската идеологија на што за жал се повеќе сведочиме. Да, покажавме дека сме храбри, одлучни и дека знаеме да бидеме добри лидерки.  Иако постигнавме многу, сепак борбата против родовото насилство и дискриминација е битка која се уште трае и која бара напорна работа, труд и посветеност за нејзино целосно сузбивање. Да работиме на едукација. Да ги учиме жените дека можат да бидат војници, а мажите шминкери. Дека не ма поделба на машки и женски професии. “