После 6 години повторно се бара екстрадиција за Демири и Исмаиловиќ, осудени за случајот „Монструм“

Министерот за правда Игор Филков соопшти дека ги потпишал барањата за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, двајцата доживотно осудени за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се чека одговор од нивна страна.

Последен пат, екстрадиција била побарана во 2018 година. На ова и претходеле барања до Република Косово за овие екстрадиции во повеќе наврати, но сите биле одбиени.

На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.Во постапките, се што е побарано од косовските власти веќе е доставено.

После 6 години повторно се бара нивна екстрадиција.