Поскапе водата за пиење во Скопје

➡ Од Водовод сè уште се чека одговор зошто советот не одлучувал. Од градскиот совет, пак, за Телма брифираат дека ваква точка од мај досега воопшто не била ставена на дневен ред. Одлуката за новите тарифи, пак, РКЕ ги донеле уште на крајот на август.

Поскапе водата за пиење во Скопје, за 3,2 денари по кубик. Наместо 31,81 денар, кубик вода сега чини 35,02 денари. Новата цена е на сила од септември и септемвриските сметки ќе бидат повисоки.

Според податоците на Регулаторна комисија, загубите на вода во државата се околу 63 отсто, а во регионот Македонија е една од земјите со највисоки загуби.

Од Водовод сè уште се чека одговор зошто советот не одлучувал. Од градскиот совет, пак, за Телма брифираат дека ваква точка од мај досега воопшто не била ставена на дневен ред. Одлуката за новите тарифи, пак, РКЕ ги донеле уште на крајот на август.