Портпаролот на ЗНАМ – За наша Македонија и некогашен менаџер во „ДУНА“ и „Македонски Телеком“, Никола Мемов, е именуван за директор на ПИОМ.
Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.
Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда.