Екс-претседателот на Украина – Петро Порошенко изјави дека се враќа во татковината за да се бори против обвинувањата за предавство, иако ги смета за политички мотивирани. Тој од Варшава изјави дека доаѓа во Киев каде што ќе се соочи со судско обвинение.
Обвинителот изјави дека Петро Порошенко, еден од најбогатите украински бизнисмени, се занимавал со продажба на големи количества јаглен, со што им помагал на сепаратистите поддржани од Русија во источниот дел на Украина.
Судот во Киев го замрзна неговиот имоткако дел од истрагата поврзана со обвинението за велепредавство.
Тој ги отфрла обвинувањата
„Ќе се вратам во Украина за да се борам за Украина“ рече Порошенко.
Тој верува дека се бори против политички мотивирани обвинувања и не очекува да биде уапсен по враќањето во татковината.