Екс-претседателот на Украина – Петро Порошенко (56) им порача на колегите политичари во Украина и на лидерите ширум светот да останат обединети и да не прават компромиси кога имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин.
„Путин ја разбира само силата и ќе оди онолку далеку колку што светот тоа ќе му го дозволи“ – рече тој.
Порошенко посочи дека не може да има преседан во Европа каде што една земја може насилно да ги менува границите кои беа воспоставени по Втората светска војна.
Порошенко вели дека останува значајната разлика меѓу Киев и Москва за каков било договорен прекин на војната и дека Западот треба да продолжи со острите мерки што ги презеде против Кремљ, кој според него е единствениот јазик што Путин го разбира.
„Путин сака да ја отстрани Украина како земја од мапата на светот. Затоа, невозможно е да се зборува за ништо друго освен за прекин на огнот, повлекување на руските војници и решение за хуманитарната ситуација. Територијалниот интегритет и суверенитет на една земја не можат биде компромитиран“ – рече тој.