Порошенко: Путин е воен злосторник, треба да заврши во Хаг

Петро Порошенко – екс украинскиот претседател вели дека рускиот претседател Владимир Путин е воен злосторник и треба да заврши во Хаг.

„Мојата лична порака до Путин е: Внимателно проучете го случајот на Милошевиќ бидејќи ќе седите на истата обвинителна клупа“ рече Порошенко.

Тој смета дека Украина има еден одговор за Путин и за руската армија – да ја напуштат Украина.

„Мислам дека Хрватите сè уште се сеќаваат како беше да се спие за време на војната и како да се преживее. Јас сум во центарот на Киев, на помалку од 10 километри од мене се руските војници. Вчера и завчера гаѓаа цивилни згради во Киев, а денеска евакуиравме цивили од Буча и Ирпин, Гастомил. Горд сум што само од тие места евакуиравме повеќе од 8.000 граѓани. Овие места се целосно уништени, повеќе не постојат. Тоа е политиката на Русија, да уништи сè што е пред неа“ – потенцира Порошенко.