Пораст на цените на плинот на европските берзи
Забележан е пораст на цените на плинот во Европа за време на тргувањето. Денеска сумите се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, првпат од 14. февруари, покажуваат податоците на лондонската берза „ИЦЕ“.
Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час. Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто.
Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“.
Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.