Пораст на бројот на случаи со сипаници во светот

Бројот на случаи на сипаници во светот е во голем пораст, стои во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева.

Бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е за 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година.

Причината за порастот е што премалку деца се вакцинираат, делумно затоа што кампањите за вакцинација беа прекинати за време на пандемијата на Ковид-19, а делумно затоа што земјите беа принудени да пренаменат пари за други проблеми, соопштија од СЗО.

Малите сипаници се пренесуваат со капки при зборување, кивање или кашлање. Инфекцијата започнува со симптоми слични на грип, проследено со осип на кожата и може да доведе до пневмонија, воспаление на средното уво или дури и воспаление на мозокот.

Во јануари и февруари 2022 година биле пријавени 17.338 случаи на мали сипаници.

Помеѓу април 2021 година и април 2022 година, регистрирани се вкупно 21 голема епидемија на сипаници.