Поранешниот српски министер за градежништво, Весиќ, сослушан во Обвинителството за организиран криминал

Според белградски медиуми ја презентирал својата одбрана како осомничен пред обвинителот за организиран криминал како дел од финансиската истрага во случајот „настрешница“, но одбивал да одговори на какви било прашања на јавниот обвинител .

Поранешниот српски министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ за првпат беше испрашуван од Јавното обвинителство за организиран криминал. Тој го даде исказ во својство на осомничен.

Според белградски медиуми ја презентирал својата одбрана како осомничен пред обвинителот за организиран криминал како дел од финансиската истрага во случајот „настрешница“, но одбивал да одговори на какви било прашања на јавниот обвинител .

Поради лошата здравствена состојба, Весиќ беше испрашуван само три и пол месеци откако осомничени беа уапсени во голема полициска операција на 1 август 2025 година, а тие се обвинети за оштетување на буџетот за 115 милиони долари за време на реконструкцијата на железничката пруга Нови Сад-Келебија, која вклучуваше и реновирање на зградата на железничката станица во Нови Сад.

Откако помина повеќе од еден и пол час во обвинителството, ниту Весиќ ниту неговите адвокати не дадоа никакви изјави ниту одговорија на прашања од новинари.

Обвинителството за организиран криминал ја започна оваа истрага против поранешните министри за градежништво Весиќ и Томислав Момировиќ, како и против уште 12 лица.

Ден пред апсењето, Весиќ беше примен во болница и беше лекуван речиси до средината на октомври.

Иако веднаш му беше одреден притвор, кој набрзо беше заменет со поблага мерка домашен притвор со задолжително носење електронски мониторинг, Весиќ цело време беше на болничко лекување до речиси средината на октомври.

Поради здравствената состојба на Весиќ, истрагата запре. Бидејќи не беше испрашуван, обвинителството не можеше да ги испрашува ниту сведоци, шо значеше дека истрагата сега можеше да продолжи.Во првата постапка што ја покрена Вишото јавно обвинителство во Нови Сад за случајот „настрешница“, Весиќ беше обвинет заедно со уште 12 лица поради отворање зграда на железничка станица иако работата не беше завршена и немаше дозвола за употреба.

Една година по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица и неколкумесечни протести, во тек се неколку судски постапки, но се уште не е започнато судење.