Поранешниот претседател на Боливија, Арсе приведен под обвинение за корупција

Арсе е обвинет за проневера на средства од Фондот за домородни народи во периодот од 2006 до 2014 година, кога беше министер за економија во левичарската влада на претседателот Ево Моралес

Поранешниот претседател на Боливија, Луис Арсе е приведен под обвинение за корупција.

– Оние што крадеа од оваа земја ќе вратат сè и ќе одговараат пред суд, изјави боливискиот потпретседател Едманд Лара.

Арсе е обвинет за проневера на средства од Фондот за домородни народи во периодот од 2006 до 2014 година, кога беше министер за економија во левичарската влада на претседателот Ево Моралес.

Тој е обвинет и за занемарување на должноста и економски кривични дела поврзани со управувањето со Фондот.

Наследникот на Арсе, Родриго Паз Переира од центристичката Христијанско-демократска партија, положи заклетва на почетокот на минатиот месец. Промената на власта става крај на речиси две децении левичарски влади во Боливија.