Поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, кој важи за тврдокорен политичар, се кандидира на претстојните предвремени претседателски избори во Исламската Република, свикани по смртта на Ебрахим Раиси, која загина во хеликоптерска несреќа, јави државната телевизија, цитирана од британските медиуми.
Покрај Ахмадинеџад, за претстојните вонредни претседателски избори се пријавија и поранешниот претседател на иранското Собрание. Али Лариџани, како и Абдолнасер Хемати, поранешен гувернер на иранската Централна банка.
За првпат за оваа функција се пријави и една жена – Зохре Елахиџан, која изјави дека, доколку биде избрана, мотото на нејзината влада ќе биде „Здрава влада, здрава економија, здраво општество“
Советот на чувари на Уставот предводен од свештеници ќе ги провери кандидатите и на 11 јуни ќе објави список со имињата на оние на кои им е дозволено да се кандидираат за гласање.