Поранешниот полицаец кој изврши масакр во градинка ја убил жена си и децата!?

Триесетина лица, од кои 23 деца, биле масакрирани од поранешен полицаец, кој упаднал во градинка во Тајланд и по случаен избор почнал да пука и да ги прободува жртвите пред да побегне.

Тајландската полиција објави слика од осомничениот.

Полицијата го именуваше осомничениот како Панџу Камрап, кој наводно бил отпуштен од полиција минатата година откако паднал на тестот за дрога.

По масакрот побегнал со бел пик-ап Виго со четири врати, а браникот му паднал додека бегал. Масакрот се случи во Нонг Буа Ламфу, на североистокот на оваа југоисточна азиска земја. Како што подоцна се дознало, напаѓачот освен децата и возрасните во градинката ги убил и сопругата и неговото дете, а потоа се самоубил.

Две учителки и еден полицаец, исто така, се верува дека загинале откако маж претходно упаднал во градинка во североисточниот дел на земјата, соопшти полицијата.

Ахајон Краитонг, портпарол на националната полиција, изјави дека инцидентот се случил во провинцијата Нонг Буа Лам Пу.