
Поранешниот капитен на Порто, Жорже Кошта, почина на 53-годишна возраст
Поранешниот фудбалер на Порто, Жорже Кошта вечера почина на 53-годишна возраст, соопшти прес-службата португалскиот клуб.
Поранешниот фудбалер на Порто, Жорже Кошта вечера почина на 53-годишна возраст, соопшти прес-службата португалскиот клуб.
Според првичните информации причина за смртта е срцев удар.
Кошта играше за Порто од 1990 до 2005 година. Одигра 383 натпревари за клубот и постигна 25 гола. Како дел од Порто, стана шампион на Португалија осум пати и победник на Купот на Португалија пет пати, а исто така ги освои и Лигата на шампионите и Купот на УЕФА. Тој одигра 50 натпревари за португалската репрезентација и постигна два гола.
За време на неговата тренерска кариера, која траеше од 2006 до 2024 година, Кошта работеше во Брага, Клуж, АЕЛ и други клубови, а исто така ја предводеше и репрезентацијата на Габон.