Поранешниот директор на ,,Комунална хигиена” во Скопје Абдусамед Шабани, стана нов организациски директор на клиниката за кардиологија. Споделувајќи фотографија на неговиот фејсбук профил, Шабани откри кое е неговото ново работно место.
„Денеска ја преземав функцијата организациски директор во Клиниката за Кардиологија во Скопје. Им се заблагодарувам на сите пријатели за поддршката особено за довербата на претседателот на ДУИ, господин Али Ахмети. Ќе бидам на услуга на сите граѓани без разлика на етничката, верската или партиската припадност“, напиша Шабани.
Шабани беше поставен за директор на ЈП „Комунална хигиена“ во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Беше разрешен во декември 2021 година откако Арсовска стана градоначалничка на Скопје и на негово место беше поставен Зуди Енус кадар на Алијанса за Албанците.