Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев доби ослободителна пресуда за предметот во кој беше обвинет за несовесно работење во службата. Заедно со уште двајца доктори од клиниката одговараа дека неколку месеци на пациент не му давале терапија, а потоа починал.
Според пресудата, не се докажало дека Васев и неговите колеги постапувале несовесно. Обвинителството најави жалба бидејќи смета дека поседува докази кои укажувале на несовесно работење.
Ослободителната пресуда доаѓа кратко по собраниската анкетна комисија за Онкологија која повика на одговорност кај Васев заради сомнеж дека дел од пациенетите добивале физиолошки раствор, а терапијата наменета за нив се продавала на црно.