Поранешниот главен уредник на „Гардијан“: Што и да е Асанж, тој не е шпион

Поранешниот главен уредник на Гардијан, Алан Расбриџер, денеска изјави дека ослободувањето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж е добра вест, но додаде дека жали што прифатил спогодба за вината за обвинението за шпионажа, бидејќи „што и да е Асанж, тој не е шпион. “.

„Никој всушност не мисли дека тоа што тој го правеше е шпионажа. Ако обидот беше да се намали известувањето за националната безбедност, се плашам дека тоа веројатно функционираше“, изјави Расбриџер за Ројтерс.

Расбриџер, кој беше уредник на „Гардијан“ од 1995 до 2015 година, пишувајќи за магазинот „Проспект“, чиј уредник е сега, наведува дека правната битка за Асанж сега станала „нешто како срамота“.