
Поранешен партнер во Велес ја демнел и тепал жртвата – судот му одреди притвор
Од предистражните дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, со месеци ја следел и се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со своите постапки кај неа предизвикувал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.
Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен жител на Велес, осомничен за кривични дела – демнење и продолжено насилство.
Од предистражните дејствија произлегува дека осомничениот, кој бил во интимна врска со жртвата, со месеци ја следел и се мешал во нејзиниот личен живот, проверувал со кого комуницира, каде излегува, ја навредувал и психички ја вознемирувал. Со своите постапки кај неа предизвикувал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.
На 18 септември, во текот на целиот ден, осомничениот вршел грубо насилство врз жртвата, при што и нанел телесни повреди. Првин ја нападнал на нејзиното работно место, а потоа трипати насилно влегол во нејзиниот стан и повторно физички ја нападнал.
Јавниот обвинител оценил дека постои сериозен ризик осомничениот да ги повтори насилничките дејствија, имајќи предвид неговата упорност и фактот што работи заедно со жртвата. Дополнително, поради неговото занимање и важечката документација за премин на државната граница, постоела опасност и од бегство.
Затоа, обвинителството до Основниот суд во Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор за осомничениот, информираат од Обвинителството.