Пораз за Јанша – Голоб и Движењето за слобода со рекорден број пратенички мандати

Според првичните официјални резултати што ги објави вечерва Државната изборна комисија во Словенија Движењето за слобода на Роберт Голоб освои 32,87 отсто, односно 41 мандат, додека СДС на Јанез Јанша има 25,12 отсто и освои 31 мандат во Парламентот со 90 пратенички места.

Нова Словенија доби 7 отсто од гласовите и осум мандати, а СД со 6,67 отсто од гласовите освои осум пратенички места.

По затворањето на избирачките места, Голоб им се заблагодари на граѓаните кои излегоа да гласаат и посебно за оние кои му ја донесоа изборната победа.

„Луѓето навистина веруваат дека ние сме единствените кои можеме да донесеме промени. Денеска луѓето танцуваат, утре започнува нов ден и утре ќе почнеме да се обидуваме да ја оправдаме таа доверба“ – рече Голоб и повика: Ајде да танцуваме!