Поради љубомора скопјанец ја претепал својата поранешна партнерка и ја исфрлил на улица од автомобил

Од скопското обвинителство информираат дека е поведена кривична постапка против скопјанец кој физички ја нападнал и повредил својата поранешна партнерка.

Од скопското обвинителство информираат дека е поведена кривична постапка против скопјанец кој физички ја нападнал и повредил својата поранешна партнерка.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 4 јануари, како при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента.

Случаен минувач го пријавил настанот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување на лекарска помош, информираат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека се побарани мерки на претпазливост.

-Јавниот обвинител предложи од судијата на претходна постапка да определи мерка на претпазливост – забрана за приближување и остварување каков било контакт со оштетената во текот на постапката, додаваат од Обвинителството.