
Грчкиот министер за трговска морнарица Милтијадис Варвициотис денеска ја објави својата оставка поради смртта на патникот што минатата недела екипажот на траект го турна во морето, што се истражува како убиство и предизвика длабок гнев во јавноста, пренесе МКД.мк.
Триесет и шестгодишниот патник бил турнат во морето од членовите на екипажот на траектот при расправија бидејќи задоцнил да се качи на траектот, кој штотуку тргнувал од кејот на пристаништето Пиреја кај Атина кон Крит, а патникот паднал во морето кај крмата на бродот, каде што го удавила силната струја на пропелерот.
Грчкиот министер за трговска морнарица, Милтиадис Варвициотис, изрази „шок, ужас и тага“ од инцидентот и ја идентификуваше жртвата како Андонис Каргиотис (36).
На социјалните мрежи е објавено видео од надзорната камера на пристаништето.