Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 23 часот на магистралниот пат А-3 Брегана – Липовац во правец на граничниот премин „Бајаково“.
Истрагата за сообраќајната несреќа ја водеше заменик општинскиот државен правобранител од Винковци, со стручна асистенција на полициски службеници од полициската управа Вуковар – Срем и судски вештак за патен сообраќај и моторни возила, велат од полицијата, пренесе Индекс.хр.
Делницата од автопатот А-3 меѓу клучките Бабина Греда и Жупања утринава до 07:00 часот беше затворена за секаков сообраќај, а до 08:05 часот сообраќајот беше ограничен на една коловозна лента.
На клучката Бабина Греда во правец кон Липовац, редицата е околу 5 километри, јавува ХАК.
Истрагата е завршена, но деталите за несреќата се уште не се соопштени.
Возачите кои се нашле на оваа делница од автопатот ноќта ја поминале во колона.