Општа болница Куманово по насоки од Министерството за здравство поради состојбата со вода во Куманово ќе ги упатува пациентите во скопските болници и клиники.
– За пациентите и персоналот кои се веќе сместени во болницата, обезбедена е вода за пиење, а вода за техничка употреба ни обезбеди Центарот за управување со кризи. Обезбедена е и храна согласно новонастанатите услови за пациентите изјави директорката на болницата, Ивана Биљановска.
И од домот за стари лица „Зафир Сајто“ има техничка вода за користење од сопствена бушотини, информираа денека надлежните.
– Вода за вода за пиење имаме набавено количина која ќе биде доволна за наредните два до три дена, информацијата е пријавена до штабот, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.
И од градинката претходно информираа дека имаат набавено вода за пиење.