Поради пандемијата, карневалот во Рио откажан втора година по ред
Популарниот карневал во Рио де Жанеиро втора година по ред се откажува поради пандемијата на коронавирусот.
Градоначалникот ја објавил одлуката по состанокот со претставниците на карневалските групи. Тој смета дека не е изводливо да се одржи уличниот карневал додека важат ограничувањата за влез и другите мерки за коронавирус на уличната прослава на која се регистрирале стотици групи.
Повеќе од 3 милиони луѓе излегоа на улиците во текот на четирите дена од последниот карневал што се одржа во 2020 година, наведуваат тамошните медиуми
Повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил се заразени со коронавирус, а околу 618.000 луѓе починале по компликации со вирусот.