Италија ги заостри мерките се со цел да се спречи порастот на инфекциите со Ковид 19. Тамошните власти ги забранија сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопштија од италијанската Влада.
Министерот за здравство – Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски „Ffp2“ во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.
Концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31. јануари, а дискотеките и клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.
Италија забележа 44.595 нови случаи на коронавирус, што е зголемување за повеќе од 70 проценти за само една недела.