Агенцијата за истражување „Алфа“ правеше анкета за БНТ од почетокот на војната во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин, кој со години уживаше висок рејтинг во Бугарија, изгубил повеќе од половина од својата популарност.
Во периодот 2020-2022 година помеѓу 55 и 58 отсто од бугарските граѓани искажале позитивни оценки за Владимир, а сега овој процент изнесува 32.
Растечката руска агресија, убиствата на невини граѓани од двете страни и заканата за употреба на нуклеарно оружје од страна на рускиот претседател се факторите кои го сменија мислењето на бугарското општество.
Повеќе од три четвртини од анкетираните сметаат дека руската инвазија на Украина е неоправдана.
Според истражувањето, 63 отсто од Бугарите ја поддржуваат политиката на европските земји и воведувањето санкции против Русија и помошта за Украина. Против оваа политика. се 32 отсто.