Никола Попоски – екс министерот за надворешни работи смета дека францускиот предлог воопшто нема гаранции.
„Ниту една земја членка кога го почнала процесот немала такви гаранции, единствена гаранција била – ќе станете земја членка. Кога – не се знае, во која форма – не се знае, под кои услови – не се знае, затоа е заедничката позиција на ЕУ“ – изјави Попоски на тв Сител.
Според него, во овие услови никој ништо не гарантира и не треба да креираме очекувања дека сега некој ќе дојде и ќе ни каже `100 отсто сега вака ќе биде и по ваше`. Тоа, како што рече, нема да се случи. Попоски смета дека има голем знак прашалник над нашите националните интереси и дека не треба да ги преувеличуваме ризиците.
„Нашиот фокус во овој момент е ако ние сме согласни меѓу сите политички партии во Парламентот, да упатиме барање директно до францускиот и до германскиот Парламент, до нивните собранија, тие да усвојат декларации, нивни декларации во кои ќе се повикаат на Универзалата декларација за човекови права и нашето право да имаме македонски јазик, да се чувствуваме како Македонци и во иднина тие да бидат дел од ЕУ, во оној момент кога ќе станеме земја членка“ – порача Попоски.
Според него, ние немаме традиција на конфронтација со Бугарија, па мораме да ја зачуваме традиција на соработка, култура и трпение на едни кон други.