Поранешниот министер за финансии професорот Никола Поповски смета дека одлуката на Брисел не е добра и дека формулацијата на Брисел дека преговорите же почнат откако ќе се смени уставот. Веројатно, тој нема да се смени до наредните избори.
– Отпочнувањето на преговорите треба да го земеме условно, освен ако некој во Парламентот не се премисли и да дојдеме до 80 пратеници мнозинство за да се смени уставот. Условите под кои во оваа фаза влеговме, се застрашувачки и понижувачки. – вели Поповски.
Вели дека под тие услови не би ги почнал преговорите. Работите нема да се сменат, вели тој и откако почнаа овој процес со Бугарија по потпишувањето на Договорот кој иницијално Бугарија го дадоа во 1999. И оттогаш никој не го прифати и сега тоа се случи.
– Од тој договор до денес условите само се влошија, Бугарите постојано нешто бараа и во последната рамка имавме се кумулативно. И промена на устав и ревизија на историјата, на нашата генеза како народ и јазикот, на подалечната историја, на образованието и се влезе во таа преговарачка рамка. Успех за државата е ако може да се почнат преговори ако се промени уставот. – вели Поповски.
Уставот нема да се промени и со тоа нема да имаме почеток на преговорите во блиска иднина, вели Поповски. И да се почнат, според протоколот, тоа е застрашувачкото за Македонија. Вели дека вака лошо испреговаран претокол со Бугарија бил недозволив за преговарачите. Тие што викаат дека е почеток, сметаат дека проблемите кои ги наметнува Бугарија, ќе успеат да ги надминат и затоа се еуфорични.
– Бугарите имаат поцврста позиција и во изминатите години ги исполнуваат само своите цели. Уште потешко за нас е што постојано пшравиме компромиси. Тие на крај излегуваат еднострани и тоа несе компромиси. – вели Поповски.