Поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски во емисијата Трилинг истакна дека придавката северномакедонски е добро сценарио за да знаеме на што сме. Во тој случај целата приказна за идентитетот и јазикот кои се видеоа во една кампања биле лажни.
- Од наш аспект би било подобро сценарио, иако ова не е толку планирана провокација, колку што е тотална незаинтересираност. Веројатно е осмислено од некој службеник на Твитер акаунтот на шефицата на ЕК и напишал како зборуваат меѓу нив и не ословува со придавки. Тоа што нас не повредува со ова е едноставно во нивни очи мал детал кој сметатт дека кратко ќе трае. – рече Поповски.
Во врска со Договорот за добрососедство со Бугарија, Поповски смета дека дека до тоа потшишување, ставот на македонската страна беше за клучните прашања, оспорувањето на јазикот, нацијата, толкувањето на историјата и мора да постигнеме компромис кој и нам ќе ни гарантира чувство на комоција. А претходно тоа го немало, и затоа не се потпишувал Договорот.
- Дел од текстот е усогласен, но она што не е усогласено се клучните работи. Се вели дека 99% е усогласен, но не е усогласен во суштина во букви, а оној 1% е сушптината на Договорот и тоа не е усогласено, а тоа се тие три работи. За нас логичен компромис во европски дух е ако речат дека за историјата треба да ја толкуваме и тоа симетрично, како бугарскат, така и македонската. Ако зборуваме за заедници, не може да се исклучат Македонците во Бугарија. Тоа создава нерамноправности и чувство на потчинетост. – вели Поповски.
За францускиот предлог вели дека суштината на сите тие предлози се бугарските барања и така треба да ги третираме. Ова се преточени барања со дипломатски речник за да изгледаат пофино и со нов убав наслов кој би бил француски предлог и би поминал маркетиншки.
- Веројатно сите други и оние претходните, сегашните и иднините, ќе се вртат околу ова. Најчесто онаа земја-членка која има најголем интерес, таа ги дефинира барањата, а тоа е Бугарија и таа е најагресивна. Имаме целосна бугаризација на европската перспектива на Македонија. Во оваа ситуација кога сме соочени со ова, суштински ништо не е сменето во предлогот. Во основа ќе има некаква група во позадина, во која ќе се состануваат Бугари и Македонци и Бугарите ќе диктираат на Македонците што треба да се исполнува. Ако гледаме на алтернативни решенија, тогаш е обединување на некои ставови.- вели Поповски.