Поповиќ: Намалувањето на јавната администрација оди пребавно
„Кога ќе ви кажат бирократите, не е до нас, до системот, тогаш имаме проблем. Замислување на одговорноста надвор од нас, како административци. Системот се правилата и луѓето во системот. Точно е дека јавната администрација е гломазна, јас би рекол дека е нерамномерно распределена, ја има во оние сектори каде што не е толку потребно да ја има, а ја нема во сектори како што се образование, медицина“ – вели Миша Поповиќ од Институтот за демократија за „Трилинг“.
Тој смета дека „јавната админисрација треба да испорача услуги за граѓаните, а сега гледаме дека имаме многу административен, или помошен кадар. Намалувањето на јавната администрација оди пребавно, има неодлучни чекори, иако знаеме во некои сектори дел од администрацијата не функционира“.