Попладнево регистриран земјотрес 92 километри јужно од Скопје

Попладнево во 15.40 часот е регистриран земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 3.4.

Информациите се дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 17.07.2022 година регистрираше земјотрес 92 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случил во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината.