Околу 20 лица се спасени со хеликоптер од селото Богдан во Бугарија откако силниот дожд предизвика поплава во централниот дел на земјата.
Нема загинати и повредени во катастрофата, изјавил регионалниот гувернер на Пловдив, но потврдува дека уништени биле четири куќи.
Стотина војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, а хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки.
Бугарските медиуми јавуваат дека паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере.
И во Софија во попладневните часови имало обилни врнежи од дожд, но не е направена значителна штета.