Поплави во Хрватска, кај Карловац
Невреме и обилни дождови го погодија континенталниот дел на Хрватска, а иако дождот денеска престана, многу места се уште се борат со проблемите предизвикани од временските услови.
Поплавени се бројни патишта, куќи и фарми. Најлоша е состојбата во Карловачката жупанија, десетици куќи се поплавени во Огулин, а за среќа водостојот на некои реки се намалува.
Бранот на вода помина низ Карловац и остави последици врз поплавените приградски населби. За среќа, Купа падна за 1 сантиметар и сега е на 803 сантиметри.
Добра ја наполни дупката Ѓула во Огулин и се излеа во делови од Огулин, наполнувајќи бројни подруми со вода, пренесува КА портал.