Поплави во Тетово и Битола, град во Лозово, Куманово и Охрид!

Викенд невремето во Македонија донесе многу проблеми. Денеска се поплавени голем дел од улиците во Тетово, а водата навлезе и во дел од куќите, односно подрумите.

Поплавен е и канализацискиот систем за атмосферска вода.

Големи штети има и кај земјоделските култури, кај градинарските насади.

Од РЦУК Тетово информираа дека нивни вработени се на терен и иницирано е свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово.

Сликата е слична и во другите градови.

Поплавени улици имаше и во Битола, а врнежи од град и грмотевици имаше попладнево и во Куманово, но и во Охрид.

Град со големина на тениско топче паѓаше и во општина Лозово каде се уништени лозови и овошни насади, пластеници со раноградинарски култури.

Силна нестабилност со грмотевици и дожд има и во Скопско, каде краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.