Поплавите ја однесоа првата жртва во Албанија

– Жена која вчера исчезна во Девол, за која имаше сомнение дека била однесена од надојдените води, е пронајдена мртва. Припадниците на армијата се ангажираа во пронаоѓање на телото на 76-годишната Флора Хоџа, која боледувала од деменција, објавија медиумите повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Невремето, проследено со интензивни врнежи од дожд, присутно изминатите денови на целата територијата на Албанија, предизвика поплави на стотици хектари земјиште и голема материјална штета, а ја однесе и прва жртва.

– Жена која вчера исчезна во Девол, за која имаше сомнение дека била однесена од надојдените води, е пронајдена мртва. Припадниците на армијата се ангажираа во пронаоѓање на телото на 76-годишната Флора Хоџа, која боледувала од деменција, објавија медиумите повикувајќи се на Министерството за одбрана.

И во текот на денешниот ден се пријавуваат проблеми во некои региони, главно во Фиер и Валона, бидејќи реката Семан достигна критична точка, потопувајќи цели области.

Доколку временските услови продолжат да се влошуваат, ситуацијата би можела да предизвика уште една катастрофа за жителите на овие области во југоисточна Албанија.

Ситуацијата е помирна со реките Вјоса и Шкумбин, додека нивото на водата кај мостот Мифоли е намалено.

Во Берат, предизвикани се големи поплави по излевањето на реката Осум и ја оштетија водоводната мрежа. Општина Димал известува дека водата не е за пиење, додека службите за итни случаи ја чистат калта и водата по повлекувањето на реката.

И во регионот Лежа, забележано е намалување на врнежите од дожд и интензитетот на водата, додека продолжуваат работите на зајакнување на насипот на реката Дроје во Курбин и оној во Тале, Лежа.

Ситуацијата е проблематична и во Девол. Според извештаите, максималните протоци на реката Девол ја принудиле хидроцентралата Моглица итно да ја отвори браната.

Според албанската електро корпорација, КЕШ, засега нема потреба од отворање на браните на хидроелектраните на каскадата на реката Дрим.