Гислејн Максвел е осудена на 20 години затвор во САД затоа што му помагала на Џефри Епстајн во злоупотребата на девојки. Максвел (60) беше осуден во декември за регрутирање и трговија со четири тинејџерки за сексуална злоупотреба од страна на Епстајн, нејзиното тогашно момче. Еден од обвинителите претходно пред судот изјави дека таа треба да остане во затвор до крајот на животот.
Епстајн се самоуби во затворска ќелија во Менхетн, Њујорк, во 2019 година. Тој го чекаше сопственото судење за трговија со луѓе. Злосторствата на Гислејн Максвел се случувале повеќе од една деценија, помеѓу 1994 и 2004 година. Пред изрекувањето на пресудата, Максвел, облечена во затворска облека, им се извини на жртвите.
Таа рече дека сочувствува со нив и дека нејзината врска со Епстајн претставува „најголемото каење“ во нејзиниот живот.
„Мојата врска со Епстајн ќе остави трајна дамка врз мене“, рече таа, додавајќи дека се надева дека нејзината затворска казна ќе им овозможи на жртвите „мир и конечност“.
Максвел е во притвор од нејзиното апсење во јули 2020 година, главно во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин, каде што се жалеше на смрдеа од канализацијата во нејзината ќелија. Случајот против Максвел беше еден од најинтересните од појавата на движењето #MeToo, кое ги охрабри жените да почнат отворено да зборуваат за сексуална злоупотреба. Случајот стана познат откако во јавноста, Вирџинија Џуфре обелодени дека на 17 години Епстејн и Максвел ја нуделе на познати лика од политиката и шоубизнисот, а најмногу публицитет доби откако јавно го посочи Војводата од принцот Ендрју. Во интервјуто за Би Би Си пред три години, Ендрју негираше било каква поврзаност со трговијата со малолетнички, но сведочењето и фамозната фотографија од Лондон, доведоа до негово целосно исклучување од кралското семејство. Му беше одземена титулата Неговото кралско височество и сите воени почести, а за да избегне судење во САД по граѓанска тужба на Џуфре, се спогоди со неа за исплата на милионска отштета.