Поморска вежба на НАТО во Балтичкото Море: Учествуваат и Финска и Шведска
Повеќе од 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите апликанти за членство во Алијансата – Шведска и Финска се дел од поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“, што ќе трае речиси две недели.
Годишната поморска вежба „БАЛТОПС 22“, почната во 1972 година, не беше одржана како одговор на конкретна закана, меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Северноатлантскиот договор соопшти дека „со Шведска и Финска, НАТО ја користи шансата да ја зајакне отпорноста и силата во непредвидлив свет“.
Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили, изјави дека е важно САД и другите земји од НАТО да покажат солидарност со Финска и Шведска за време на вежбата.
Тој додаде дека, од перспектива на Москва, влезот на Финска и Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе ја остави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО.
Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а „БАЛТОПС 22“ ќе заврши во германскиот град Кил на 17 јуни. с