Помалку издадени одобренија за градба во мај
Во мај годинава издадени се 260 одобренија за градење, што е за 18.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 869 263 илјади денари, што е за 10.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (51.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 54 (20.8 %) за објекти од нискоградба и 73 (28.1 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 260 објекти, на 141 (54.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 (45.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 424 станови со вкупна корисна површина од 36 052 м2.