Полјаците ќе добијат „водич за преживување“ во кризни ситуации

Полското Министерство за внатрешни работи, заедно со Министерството за одбрана и владиниот безбедносен центар, до крајот на годината ќе изработи и ќе достави до секое семејство во земјата список со препораки за преживување во кризни ситуации.

Полското Министерство за внатрешни работи, заедно со Министерството за одбрана и владиниот безбедносен центар, до крајот на годината ќе изработи и ќе достави до секое семејство во земјата список со препораки за преживување во кризни ситуации.

Водичот ќе содржи информации за преживување во услови на долгорочен недостаток на основни потреби, вклучително и електрична енергија, како и список на предмети што треба да се подготват за евентуална евакуација.

-Водичот ќе биде завршен во април, а како дел од Програмата за заштита на населението и цивилна одбрана во втората половина на годината, неговата печатена верзија ќе биде доставена до секое домаќинство во Полска, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.

Водичот ќе содржи информации за тоа како да се преживее 72 часа во кризна ситуација, какви резерви на храна да се обезбедат и како да се преживее неколку дена без струја. Ќе дава совети и за граѓаните за спречување на пожари во домот, пружање прва помош и грижа за домашни миленици за време на криза.

Полското Министерство за внатрешни работи нагласи дека овој водич не се однесува само на воени ситуации туку и на природни катастрофи.

Полскиот премиер Доналд Туск неодамна изјави дека Полска треба да собере армија од половина милион војници, вклучително и резервисти, за адекватно да одговори на можните воени закани. До крајот на годината, владата планира да започне програма за обука на резервистите која ќе вклучува обука на целата машка популација.