Полскиот премиер изјави дека добил закани по атентатот на Фицо

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека добил закани по атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Туск на платформата Х напиша дека многу нешта се случувале во средата, а неговата објава содржи коментар кој исто така е објавен на таа социјална мрежа во кој се вели дека Словаците им дале пример на Полјаците што треба да прават со Туск ако реши да не ја спроведе инвестицијата на голем аеродром во централниот дел на земјата.

Полскиот веб-сајт Wp.pl денеска објави, повикувајќи се на извор од Државната служба за заштита, органот задолжен за заштита на важни личности во Полска, дека заштитата на Туск ќе биде зголемена по атентатот на Фицо, пренесе Ројтерс.