Полскиот премиер Доналд Туск и неговата центристичка коалициска влада денеска претрпеа пораз во парламентот, каде нацрт-законот што требаше да го олесни строгиот закон против абортусот беше отфрлен со тесно мнозинство.
За отфрлање на нацртот за либерализација на абортусот гласаа 218 пратеници, против беа 215 пратеници, а двајца беа воздржани, пренесе АП.
Либерализацијата беше клучен елемент во програмата на Туск за промена на политиките на претходната десничарска влада што предизвика масовни протести.