Полска одлучи да го забрани увозот на украински житарки за да го заштити домашниот сектор

Полската влада одлучи да го забрани увозот на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити полскиот земјоделски сектор, изјави денеска лидерот на владејачката Партија на правото и правдата (ПиС) Јарослав Качински.

Големи количини украински житарки, кои се поевтини од оние произведени во ЕУ, на крајот останаа во централноевропските држави поради логистичките тесни грла, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.

Ова создаде политички проблем за ПиС во изборна година.

– Владата денеска усвои уредба со која се забранува влез и увоз на жито во Полска, како и десетици други видови храна (од Украина) – рече Качински на конвенциите на партијата ПиС.

Списокот на блокирани стоки ќе биде вметнат во владината уредба, рече Качињски и додаде дека во него има житарки, производи од мед и многу други работи.