
Полска ќе испрати 5 илјади војници, 2 илјади воени полицајци и 500 обични полицајци на границата со Белорусија, соопшти полското Министерство за внатрешни работи.
Тие изјавија дека имаат информации дека околу 8 илјади припадници на Вагнер ќе бидат распоредени во Белорусија, како и дека нивната база ќе биде лоцирана во една од областите во близина на границата со Полска.
Потсетуваме, Вагнер веќе и официјално објави дека гради база во регионот Гродно, во Белорусија, а Полска е инаку позната по агресивните акции против Русија и по прашањето за Украина, па пред некој ден побараа распоредување на Нуклеарното оружје на НАТО на нивна територија како одговор на распоредувањето на руското нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.