Полската книжевна ѕвезда Мира Марќинув гостува во Скопје

Полската авторка Мира Марќинув ќе присуствува на промоцијата на македонското издание на нејзиниот роман „Безматичник“ во превод од полски на македонски од проф. д-р Лидија Танушевска“ што ќе се одржи вечер со почеток од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Полската авторка Мира Марќинув ќе присуствува на промоцијата на македонското издание на нејзиниот роман „Безматичник“ во превод од полски на македонски од проф. д-р Лидија Танушевска“ што ќе се одржи вечер со почеток од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Значењето на ’Безматичник’ е семејство пчели останато без матица, како метафора за ќерката која останува без мајка си, наведуваат од издавачката куќа „Три“ во чие издание е романот.

Промоторка на настанот ќе биде книжевната проследувачка Наташа Атанасова, која низ разговор со авторката, ќе навлезе во острата и сурово збунувачка книжевна и животна реалност, слична на пчеларник без матица. Романот, кој е напишан на жив, современ јазик, според издавачот, може да се чита и како таговна бајка за љубовта меѓу мајката и ќерката, но и за животот на ќерката без мајка.

-„Безматичник“ е обид да се пронајде и да се разбере љубовта, желбата да се живее и бегството од смртта. Енергичен и феминистички роман за отсуството, сеќавањата, детството во посттранзициската реалност на 90-тите години. За една безмерна љубов каква што може да постои само меѓу мајка и нејзината ќерка, стои во описот за романот.

Марќинув (1985) е писателка и филозофка, доктор по хуманистички науки и психологија на Јагелонскиот универзитет во Краков, доцент на Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науките. Работи во Одделението за логика и когнитивни науки на Институтот за филозофија и социологија при Полската академија на науките. Авторка е на повеќе трудови: за историјата на полската психијатрија, за меланхолијата, за историјата на идеите, за книжевното лудило, за танцувањето и за животинската психопатологија. Се занимава со филозофија на психијатријата и теоријата на лудилото, со посебен осврт кон полското наследство.

„Безматичник“ е нејзин прв роман. Во 2020 година за него ја добила годишната награда за литература што ја доделува списанието „Политика“.