Османи и Милков положиле цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охирдски со известување после настанот.Заедно ја посетиле и јубилејната изложба во Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски во Скопје.
Милков претходно најави дека согласно постигнатиот договор помеѓу двете земји заеднички ќе биде празнувана дејноста на Св. Климент Охридски.
Сакам да одбележам дека за првпат ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски кој е еден од најпознатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј кои ние ги почитуваме. Заслугата заеднички да чествуваме некој празник оди кај историската комисија и сакам да ја пофалам работата нејзина затоа што придонесува за развојот на нашите односи, изјави Милков пред македонско-бугарскиот форум кој ги собра бизнисмените од двете земји.