Половични мерки имаат половичен успех, реакција на СДСМ
Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Јова Тренчевска.

Таа рече дека буквално сѐ е поскапено: лебот, брашното, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, зејтинот… и дека изјавите на власта се апсурдни.
„Прво, Мицкоски тврдеше дека сме ‘трета економија во Европа’, додека неговата портпаролка Марија Митева вели дека БДП расте за 2,8%. Па ако сме трета економија во Европа зошто не се покачи минималната плата на 600 евра и зошто не се воведат посебни пакети помош за ранливите граѓани.
Вчера Мицкоски рече дека буџетот губи милион евра дневно. Ако губиме милион дневно – зошто ги повикува граѓаните од соседните земји да точат гориво кај нас?
Зошто не се преземаат мерки за ограничување?
Граѓани на Македонија, вие го спонзорирате точењето гориво на вашите соседи!
Ова е уште еден доказ за погрешните економски политики на Владата – без стратегија, без навремена реакција и без грижа за граѓаните.
СДСМ навремено понуди 4 конкретни законски решенија за заштита на стандардот на граѓаните и стабилизација на цените“, рече Тренчевска.